Еден ден, се роди љубов помеѓу девојче и момче кое потекнуваше од многу сиромашна фамилија.

Во почетокот тоа им сметаше на нејзините родители, но подоцна кога се уверија дека тој е добар човек некако го засакаа.

Меѓутоа имаше друг проблем. Момчето беше војник. После неколку месеци почна војната, а тој беше испратен преку океанот на една година. Една недела пред да замине, момчето клекна на колена и ја запраша неговата девојка, „Дали ќе се омажиш за мене ?“. Таа пушти солза, рече да и така тие се свршија. Се договорија дека кога тој ќе се врати после една година, ќе направат свадба.

.Тогаш се случи трагедија. Неколку недели по неговото заминување девојката имаше тешка сообраќајна несреќа во која се здоби со тешки повреди на главата.

Кога се разбуди во болницата, ги здогледа нејзините родители како плачат. Веднаш знаеше дека нешто не е во ред.

Подоцна дозна дека има претрпено повреди на мозокот. Делот од мозокот кој ги контролира мускулите на лицето беше оштетен. Веќе не можеше да се препознае нејзиното убаво лице. Плачеше додека се гледаше себеси во огледалото. „Вчера бев убава. Денес, ја сум чудовиште.“ – викаше таа. Нејзиното тело исто така беше покриено со многу грди рани.

Понекогаш се сеќаваше на договорот со нејзиното момче, но знаеше дека тоа нема да се оствари, знаеше дека веќе нема да ја сака и дека никогаш нема да го види.

Во таа една година војникот испрати многу писма, но на ниту едно не доби одговор. Ја бараше на телефон многу пати, но никогаш не му ги возврати повиците.

После една година, нејзината мајка влезе во собата и рече: „Тој се врати од војна“.

tumblr_mb8r1uYJDx1rdm5mvo1_500

„Не ! Те молам не му кажувај за мене. Не му кажувај дека сум тука !“ – викаше девојката.

„Тој ќе се жени.“- рече мајката и и ја даде свадбената покана.

Срцето на девојката се скрши. Таа сеуште го сакаше, но се трудеше да го заборави.

Со голема така, ја отвори свадбената покана.

И тогаш го виде нејзиното име во неа.

Збунета праша: „Што е ова ?„

Тогаш младото момче влезе во собата со букет цвеќиња. Клекна пред неа и рече: „Ќе се омажиш ли за мене ? “

Девојката го сокри лицето со нејзините раце и рече: „Јас сум грда !“

Момчето и ги тргна рацете и рече: „Без твоја дозвола мајка ти ми испрати твои слики“. Кога ги видов, сфатив дека ништо не се сменило. Ти си сеуште личноста во која сум заљубен. Ти си сеуште убава како и секогаш. Јас сеуште те сакам!“

 

Advertisements

За првата пауза со твитерџија го избравме @Wlladdimir, уживајте со неколку негови твитови:

DtTCTBf6

  1. Лелее дежаву!!!
    -Стварно?
    Да, ко да го имам учено ова, познато ми е.
    -Брат, презапишан ти е предметов!
  2. „Ај заеби, не се шминкам, ќе задоцнам.“ Ниедно женско, никогаш.
  3. Како испитнава сесија?  -Еии супер е да ти кажам право!   Да?   Положи?   -Не, ама завршив со полагања.
  4. Од кај си?
    -Од Коњари.
    Дедо Мраз, ти си?!
  5. И мажите сакаат шопинг, ама немаат толку пари за секој месец да купат нова кола.
  6. Дали педерите викаат “брат, не биди стрејт!” ?
  7. Шефе, да го аплоадирам филмот на замунда? -Не, рано е, чекај нека им дојде колоквиумска.
  8. “Не си малку голем за цртани??”
    -И ти мала си за ебење па ништо не ти викам јас!
  9. И за „не те сакам“ треба храброст.
  10. Како се вика просторот помеѓу вагиналниот и аналниот отвор?
    -Не таму, не таму!

За повеќе твитови заследете го на неговиот профил или погледнете ги неговите најдобри твитови.

 

Во ресторан

Седејќи еден ден во ресторанот и пиејќи го го своето утринско кафе видов како едно мало момче влегува во просторијата и седнува на една од масите. Детето беше мало, сигурно немаше повеќе од 10 години.
Келнерката му пријде, му остави на масата чаша вода и безобразно го праша што сака.

„Колку чини порција сладолед ?“ (Три кугли сладолед со многу шлаг и прелив)

„50 денари“ – му одговори келнерката.

Малото момче ја стави раката во џебот, извади неколку парички и почна да ги брои.

„А колку чини една кугла сладолед ?“ – праша детето.

Некои луѓе стоеја на вратата и чекаа да се ослободи некоја маса, а келнерката стануваше нестрплива.

„20 денари“ – нервозно му одговори таа.

Малото момче повторно почна да ги брои паричките.

„Ако може две кугли сладолед“ – рече детето.

Келнерката го донесе сладоледот, му ја тресна сметката на маса и си замина. Детето го изеде сладоледот, отиде до шанкот, плати и си замина.

Кога келнерката се врати за да ја избрише масата се изненади и не можеше да поверува од она што го виде.

Под цвеќето кое беше на масата имаше оставено 10 денари. Тоа беше бакшиш од детето за келнерката.

the-pusher

Странец

Тие не се бараа,нив само судбината ги пронајде,тогаш кога најмалку очекуваа.А сега кога и двајцата беа пронајдени како повторно да се бараа.Можеби тоа беше смислата на убавината на љубовта,неизвесноста.Чекањето на она недочеканото,да се надеваме на безнадежното,да се прегнат без прегратка,да се бакнуваат без бакнежи,да одат без да чекорат,да љубат а да не сакаат.И да осознаат дека се тука некаде,толку блиску а сепак толку далеку. Често знаеме да го сакаме она што несмееме. Така беше и таа,го сакаше тоа што несмееше.А кога беше тој покрај неа,или кога само ќе го погледнеше целиот свет застануваше.А кога веќе тој дозна колку беше сакан,почнуваше да станува се посуров,и посуров.

Таа среќаваше странец , странец кој некогаш ја сакаше премногу , зарем тој….да биде нејзин.

Приморaна беше да ја спушти главата на улица срамејќи се од нивниот пораз , не успеаа после се што поминаа,не успеаа …се удавија во морето на промашени љубови . Не успееа,а толку многу се зборуваше за нивната љубов.

Нивната љубов беше силна , посилна и од секоја спуштена глава и секоја ноќ што ја помининуваше плачејки од секој миг кога и требаше, кога плачеше .Таа го сакаше човекот што е во него кои постои додека ја гледаше и плачаше.Посакуваше да го гушне но неможеше…Ако си сам,затвори ги очите во ноќите и сети се неа.Исто како што ги затвораше очите додека те бакнуваше.

Прости и најсакан…таа само те сретнуваше кога луташе некаде трагајќи по сопствената среќа.Мораше да лута некаде…да заборави она што било.Сега е скриена од овој свет,потонета чекореше некаде во бестрага,чекореше низ овие игри без граници.Но,што и да се случи само едно знаеше дека е сигурно…дека секогаш ќе те носи во нејзиното малечко срце,каде и да одите.

lsgsgsgs

На часот по психологија професорот одеше низ училницата со чаша до пола наполнета со вода. Во еден момент ја крена чашата и како сите да очекуваа дека ќе праша дали чашата е полу полна или полу празна, но сите погрешивме. Професорот се насмевна и не праша: „Колку е тешка оваа чаша со вода ? “

Имаше различни одговори, сите довикуваа од целата училница.

Тогаш тој одговори: „Тежината на оваа чаша не е важна, таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, не е проблем. Ако ја држам еден час, ќе почнам да добивам грчеви во раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе ми биде како парализирана. Како и да е, тежината на чашата не се менува, но што подолго ја држиме, станува се потешка.“

Тогаш тој продолжи: „Стресот и грижите во животот се како оваа чаша вода. Мислете на нив само малку и ништо нема да се случи. Ако мислите на нив подолго, ќе почнат да ве болат. Ако мислите на нив цел ден, ќе се чуствувате парализирано, неспособни да направите било што.“

tumblr_m9eocpi7hT1qe7mxjo1_500

Важно е да се ослободите од вашите стресови. Што е можно порано во текот на денот ослободете се од сите оптеретувања. Немој да ги носите во вечерта и во текот на ноќта. Запомнете да ја спуштите чашата долу.

Помина некое време од кога ми се роди идејата за блог и од кога почнаа да ми се вртат низ глава

ЌЕ ОТВОРАМ БЛОГ !!!

НЕМА ДА ОТВОРАМ !!!

ЌЕ ОТВОРАМ БЛОГ !!!

НЕМА ДА ОТВОРАМ !!!

Сепак одлучив да направам блог, да направам мое, ваше, наше катче на интернет. Тука ќе прочитате нешта кои ќе ве расплачат, ќе ве насмеат, ќе ве научат на нешто ново. Каков и да е постот, ова ќе биде добро место за правење пауза. Јас ќе објавувам, а вие ќе паузирате на pauziraj.wordpress.com

 

Tag Cloud